Одбојкарите ја победија и Албанија

510

Нов триумф за македонските одбојкари. Во вториот дуел од годинешното издание на Европската лига “спартанците“ со максимален резултат 3:0 ја победија селекцијата на Албанија, за втора победа на турнирот чиј домаќин е Скопје.

По израмнетиот почеток нашите одбојкари собраа сили во завршницата на првиот сет и го добија со  25:21. Во вториот  следешен апослутна доминација на Македонија, што се рефлектираше и на резултатот 25:16 за водство од 2:0. Треттиот сет беше најнезивесен, противникот собра сили и се бореше да  избегне максимален пораз, но не успеа во такво нешто бидејќи нашата селекција го одби овој дел од играта со 25:22.

По вчерашниот триумф над Азербејџан(3-0) и денешниот над Албанија, Македпнија е на врвот во групата А. Утре ни претстои соочување со Шведска кое е закажано за 19:30 во СРЦ Кале, а очекуваме нова победа која би не промовирала во победници на трунирот во Скопје, што значајно би се зголемиле нашите шанси за пласман на завршниот турнир.