Овој тим би се борел за титула: Идеалната постава на фудбалери што нема да играат на Мундијалот (ФОТО)

820

Најголем дел од квалификациите за Светското првенство во Русија завршија, остануваат уште неколку дуели од баражот, но се знаат 29 репрезентации што ќе учествуваат на шампионатот.

Сега може да се направи и идеална постава од фудбалери кои нема да играат на Мундијалот. Во неа најмногу играчи се од италијанската репрезентација која по шест децении ќе ја нема на Светските првенства. Практично, цела последна одбранбена линија со Буфон, Кјелини и Бонучи, како и Верати.

За жал, вакви фудбалери нема да гледаме во Русија.