Овие четири работи Барселона мора да ги направи во јануари

1351

Барселона добро ја започна сезоната во Примера и покрај разочарувањата на трансфер пазарот ова лето. Еден од клучните играчи Нејмар, го напушти тимот, а првиот избор за негова замена Фелипе Кутињо не дојде на Ноу Камп, иако на Ливерпул му беа понудени повеќе од 100 милиони евра.

Каталонците мораа да се задоволат со Осман Дембеле од Борусија Дортмунд кој исто така чинеше многу (над 100 милиони евра), но тој с еповреди и долго ќе отсуствува.

Имајќи го Лионел Меси не треба да се има мноху грижи, бидејќи овој фудблаер постигна досега 11 гола и каталонците се први на табелата во Ла Лига.

Сешак шпанска Марка денеска откри кои се бизнис зделките кои оваа екипа мора да ги оствари во јануари.

Кутињо и натаму е на врвот на листата желби и во тимот сенадеваат дека во јануари ќе може да го сторат она што не им успеа летото, да го донесат на Ноу Камп.

“Ниe сме финансиски подготвени за Кутињо или било кој друд играч  во јануари“ – истаканаа од Баселона.

Покрај 25-годишниот Бразилец, каталонскиот гигант се размислува дали престојната зима е вистинско време за уште еден јужно американец Јери Мина.

Барселона веќе го договори за 9 милиони евра трансферот на 24-годишнот Колумбиец кој игра централен дефанзивец во Палмеирас, а во екипата треба да биде замена за Пике и Умтити.

Марко Верати е исто така одамна на радарот на Барселона, но кога во прашање е средниот ред предмет на интерес за каталонскиот гигант e и Леон Горецка од Шалке.

Горецка е дури и поповолна опција бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2018.година и ќе може уште во јануари да потпише пред договор како слободен агент со неговата следна екипа.

 

Жан Мишел Сери летово исто таска беше блиску до потпис со Барса, па и тој е можна опција во јануари.

Логично е и дека некој треба да замине, а прв за отпис е Арда Туран. Тој не е расположен за заминување, има да одработи уште три години од договорот, но не е во плановите на Ернесто Валверде и треба веќе да ги разгледува можните опции. Интерес за него досега покажаа Арсенал и Галатасарај.