Ова е апсолутна лудост: Мурињо и неговата завршна формација во мечот против Миделзброу (Фото)

4396

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера на гости го совладаа Миделзбру со 3:1 во рамки на 29. коло од англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ пред репрезентативната пауза успеаа да запишат нови три бода и да дојдат на петтото мести во ПЛ. Гостите вчера славеа со погодоците на Фелаини, Лингард и Валенсија, па покажаа и дека не се толку зависни од Ибрахимовиќ кој се уште е суспендиран.

Но, она што се најде во центарот на вниманието на англиските медиуми по мечот, беше „лудата“ формација на Жозе Мурињо во самиот финиш на мечот. Јунајтед последните 20 минути ги одигра во формација 7-2-1, што навистина може ретко да се види.