Обрадовиќ го засилува Фенербахче – Антиќ добива нов соиграч во тимот

1670

Актуелниот шампион во Евролигата, тимот на Фенербахче, дополнително ќе се засили за претстојната сезона и предизвиците во Европа, каде ќе настојуваат да го одбранат тронот, што сигурно дека ќе биде тешка мисија.

Обрадовиќ договори едно ново засилување за Фенербахче, станува збор за центарот Цејмс Томпсон, кој доаѓа како засилување, откако претходно неколку кошаркари го напуштија составот на турската екипа.

Екпе Удох и Богдан Богдановиќ се преселија во нови клубови, а искусниот Обрадовиќ знаеше дека е време за трансфер акција.

Новиот центар на Фенербахче има успешна кариера зад себе, играше за екипите на Голден Стејт и Торонто.

Но освен трансферот на овој кошаркар, Фенербахче претходно ги потврди трансферите на Ѓулер и Марко Гудуриќ.