Одбојкарите ќе играат за ново финале, целта и овој пат е злато!

440

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија утре рано наутро заминува за Данска. Токму годинешниот домаќинот на Фајнл-фор турнирот од Европската лига е наш противник во брбата за пласман во новото финале.

Нашата слеекција е единствената од оние кои годинава се дле од најдобрата четворка која четири пати во низа е дел од зваршницата во ова натпреврување, каде досега најголем успех ни е сребрениот медал. Овој пат се цели на најсјајното одличје.

“ Без разлика со кого ќе играме, наша цел се две победи и првото место. Сакаме Европска лига да ја завршиме со осум победи. Не смееме да се опуштиме и да не залажат шесте победи во групата. Одиме максимално подготвени и сите сме со една цел – освојување на златото“ – истакна каптенот Никола Ѓоргиев на денешната средба со новинарите.

“Не е важно тоа што противникот е домаќин на турнирот, дури мислам дека тие ќе бидат под поголем притисок, се надевам дека ќе одиграме добро како и досега и ќе се бориме за златото“- додаде селеторот Драгутин Балиќ.

Одбојкарите полуфиналниот дуел со Данска го играат в сабота (1.јули), а почетокот е закажан за 19 часот. Во второто полуфинале ќе се соочат селекциите на Украина и Шведска, меч кој стартува од 16 часот. Во недела на програмата се натпреварите за медали.