Нов фронт во „трансфер војната“ меѓу Пеп и Мурињо: Сити и Јунајтед во трка за Пауло Дибала!?

1993

Нова трансфер војна во најава помеѓу старите ривали. Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо имаат иста мета во летниот преоден рок.

Шпанскиот весник „Ел Конфеденсијал“ денеска ексклузивно пренесува дека Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо ќе водат голема трка за потписот на Пауло Дибала!

Наводно, ѕвездата на Јувентус се наоѓа на мета на двата манчестерски клубови кои на лето по секоја цена ќе се обидат да го доведат, а цената нема да биде нималку ниска – околу 100 милиони евра.

Јасно е дека Дибала би бил огромно засилување за двете екипи и дека лесно би можел да се вклопи во концепцијата и формацијата и на Мурињо и на Пеп Гвардиола.

Што се однесува до Јунајтед, иако има поинакви карактеристики, Пауло Дибала би требало да биде замената за Ибрахимовиќ кога Швеѓанецот ќе го напушти клубот, односно да стане прв напаѓач. Тука не треба да се заборави ниту дека Антоан Гризман исто така е голема желба на Жозе Мурињо, па очигледно дека еден од овие двајца играчи ќе биде главната мета на „Специјалниот“. Кој знае, можеби Мурињо има пеколен план да ги спои Дибала и Гризман во нападот.

Од друга страна, овој весник пишува дека Гвардиола сонува за идеално напаѓачко трио со Агуеро, Дибала и Габриел Жезус и ќе се обиде да го оформи истото на лето. Со поддршка на Де Брујн и Давид Силва, ваквиот сити би бил далеку посилен.

Инаку, Дибала е голема желба и на Барселона и Реал, така што дефинитивно ќе биде прва ѕвезда на летниот преоден рок, како што летоска беше Пол Погба.

Дали и овојпат Јувентус ќе успее да попушти?