Нов удар од Србинот: Ѓоковиќ се откажа од уште еден турнир

481

По повлекувањето од турнирот во Абу Даби, некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ донесе иста одлука и за првиот официјален што го планираше во новата сезона.

Тој нема да игра ниту на АТП турнирот во Доха на кој се очекува силна конкуренција. Тоа е еден од само двата турнири минатата сезона на кои Ѓоковиќ ја брани титулата што значи дека ќе загуби уште 250 бода.

“Ситуацијата со лактот, за жал, не се промени од вчера. И понатаму чувствувам болка и принуден сум да се откажам од турнирот во Доха кој во 2017 година беше прогласен за најдобар од серијата 250”, изјави Ѓоковиќ.

Турнирот во Доха требаше да се игра од 1 до 8 јануари, па сега во опасност е и настапот на Ѓоковиќ на првиот Гренд слем во сезоната – Австралија Опен кој почнува на 15 јануари.