Нов удар за Реал Мадрид: Против Севиља со играч од средината во одбрана

922

Реал Мадрид со победа ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите по славјето над Борусија Дортмунд од 3-2.

Сепак стратегот на „кралевите“ Зинедин Зидан немаше премногу причини за задоволство бидејќи остана без дефанзивецот Рафаел Варан.

Ова се нови пробелми бидејќи поради суспензија за следниот меч со Севиља отпадна Рамор, Карвахал и Касемиро, а од претходно повреден е Хесус Валејо.

Така Зидан ќе има доста мака да ја состави одбраната за тешкиот меч против Андалузијците, па ќе биде приморан на стоперското место да игра со играчот од средината на теренот, Маркос Љоренте.