Нов тениски шок: Мареј се откажа од Австралија Опен

259

Британскиот тенисер Енди Мареј официјално објави дека нема да настапи на Австралија Опен.

Првиот Гренд слем во сезоната почнува на 15 јануари, а Мареј нема да игра поради тоа што не успеал да ја санира повредата на колкот. Тој не играл официјален меч уште од последниот Вимблдон како последица на што падна дури на 16. позиција на АТП листата.

„За жал, нема да настапам во Мелбурн оваа година бидејќи уште не сум подготвен за натпреварување. Благодарам на сите пораки за поддршка и се надевам дека наскоро ќе се вратам на терените”, објави, меѓу другото, Енди Мареј.

Прва станица по неговото враќање требаше да биде турнирот во Бризбејн, но минатата недела се откажа и од таму.