Нов срам за некогаш најдобриот голфер: Тајгер Вудс уапсен – издрогиран и пијан (ФОТО)

944

Поранешниот најдобар светски голфер Тајгер Вудс уапсен е во текот на вчерашниот ден поради возење во “состојба на променета свест”.

Во моментите кога го запрела полицијата, легендарниот Американец бил пијан и издрогиран поради што тотално му е изменет ликот. Пуштен бил само три часа подоцна, но ќе одговара пред судот поради несовесно возење.

Ова е уште еден голем срам во животот на еден од најдобрите голфери во историјата. Пред неколку години, тој јавно призна дека ја изневерувал својата тогашна сопруга поради што таа го остави, а и голем број спонзори се откажаа од него.