Нов светски рекорд за злато на СП во пливање

411

Американката Лили Кинг постави ново најдобро време на трката на 100  метри градно на Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта.

Новото најдобро време на оваа делница изнесува 1 минута 4 секунди и 13 стотинки.

Сребрениот медал го освои Кејли Мајли (САД) со заостанување од 90 стотинки, додека Јулија Ефимова (Русија) беше трета.

Кај дамите денеска се одржа и финалето на 1500 метри сободен стил , а доминацијата на американките ја потврди Кејти Ледеки, која славеше со време од 15 минути 32 секунди и 82 стотинки.

Среброто и припадна на Миреја Белмонте од ШПанија,а брозната на Италијанката Симона Квараљела.