Нов потоп на Металурзите: Веспрем оддржа квалитетна лекција на модерен ракомет

505

Металург попладнево гостуваше кај Веспрем во рамките на СЕХА лигата, каде беше поразен со убедливи 33:21.

Ова е десетиот пораз за Метлурзите во регионалното натпреварување, а богами може да се каже и најубедливиот.

Уште од самиот старт, македонскиот вицепрвак стартуваше лошо. Тоа го покажа и самиот резултат на полувремето во кое Веспрем поведе со високи 15:7.

И во вториот дел ништо поразлично. Разликата само се зголемуваше, а Метлург немаше сила да се справи со полетниот унгарски состав. Откако за кратко се дојде до негатива на -5, составот на Червар мислеше дека ќе има шанси да се избори, но затоа беа тука расположените противнички ракометари за истото да го демантираат. На крајот се немаше сила за нешто повеќе, па така убедливо нашиот состав беше поразен со 33:21.

Во таборот на Металург, најпрецизни беа Кузмановски и Пешевски со постигнати пет погодоци, додека во Веспрем се издвоија Гајиќ и Сулиќ со по шест погодоци.