Нов пораз во СЕХА: Целје предоминантен за РК Металург

149

РК Металург и денеска во рамките на 9. коло од СЕХА лигата, забележа пораз, овој пат на гостувањето во Словенија, кај Целје Пивоварна, со резултат 34:25.

Домаќините тргнаа решително во натпреварот, создавајки три гола предност во првите 10 минути, но кон средината на првиот дел, Металург дојде до негатива од само еден гол и натпреварот влезе во интересна фаза.

Но до полувремето, домаќинот Целје ја врати својата предност од +3 (15:12), за во вториот да ја надгради и комплетно да го надигра македонскиот претставник, кој немаше решение на оваа средба.

Ова за Целје е 5. сезонски триумф, додека за Металург 9. пораз.

Најефикасен за Целје беше Кодрин со 10 постигнати голови, кај Металург најрасположен за игра беше Јагањац кој запиша 8 голови.