Нов корупциски скандал во ФИФА, овојпат вмешан е и првиот човек на ПСЖ!?

366

Се подготвува нова корупциска бура во светската куќа на фудбалот, а сега замешан е и првиот човек на Пари Сен Жермен.

Според информациите на европските медиуми, швајцарскиот јавен обвинител ја обвини катарската телевизија „Беин“ дека подмитила едно официјално лице од ФИФА со цел да ги добие ТВ правата за Светското првенство во Катар кое се игра во 2022. година. Тоа можеби не би било ништо ново во светот на фудбалот, ако тоа лице не е Жером Валке, поранешниот генерален секретар на ФИФА, а споменатата ТВ куќа не е во сопственост на Насер Ал Келаифи, првиот човек на ПСЖ.

Секако, станува збор за моментално еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот, сопственикот на ПСЖ и меѓу останатото член на Управниот одбор на Светското првенство во Катар. Засега не се познати деталите, но се знае дека обвинителот го посочува токму катарскиот мултимилијардер како главен виновник, инаку некогашен АТП дубл тенисер и актуелен прв човек на Азиската тениска федерација.

За Ал Келаифи ова сигурно е вознемирувачка вест бидејќи добро се знае како минал секој од светот на фудбалот против кого во Швајцарија е покрената истрага, почнувајќи од поранешниот прв човек на ФИФА Сеп Блатер, па се до неговата десна рака Жером Валке.