Нов и последен епски дуел Болт-Гетлин!

2039

Штафетите на Јамајка и САД 4×100 метри се во финалето на шампионатот во Лондон.

Новиот светски шампион на 100 метри трчаше во втората замена и со време од 37,70 секунди штафетата на САД беше најбрза во првата група на квалификациите.

Американските атлетичари зад себе ги оставија штафетите на Велика Британија и Јапонија кои исто така се пласираа во финалето.

Во втората група најдобро време имаше штафетата на Јамајка – 37,95 секунди. Болт кој трчаше во последната замена, без проблеми ги престигнуваше конкурентите.

Финалето во Сабота за Болт ќе биде последна трка на некое големо натпреварување.