Новиот Opel ADAM BLACK JACK

162

Најдоброто за фановите на ADAM: Компактниот lifestyle на Opel во црн дизајн – look!

Opel ADAM e одважен и агилен, со одличен изглед и може да биде стилизиран точно според желбите на неговите сопственици.

Шампионот на персонализацијата сега играта ја крева на повисоко ниво, со претставувањето на Opel ADAM BLACK JACK, во црн дизајн: покривот, надворешните ретровизори, a за прв пат и капакот на моторот се лакирани во елегантната Onyx Black црна боја. На тој начин е создаден остар контраст што како да е со жилет пресечен од остатокот на каросеријата на малиот  lifestyle автомобил.

Opel ADAM Black Jack

Сенката под црниот капак на моторот може избере од широката палета нa бои наменета на моделот ADAM.

Петер Кисперт ( Peter Küspert) потпретседател на продажба и пост продажба на  Opel, за новата освојувачка верзија на моделот  ADAM и неговата црна боја што плени рекол: BLACK JACK едицијата му дава на веќе смело стилизираниот  ADAM речиси намуртен изглед. По ADAM UNLIMITED, што на нашите клиенти им понуди неограничен број на комбинации од дополнителна опрема, од ракавот го извлековме најголемиот адут (ас), моделот ADAM BLACK JACK. Во такво издание, овој модел е совршен градски автомобил, со нагласена оригиналност и  индивидуалност“.

Во препознатливиот стил на ADAM, изведбата BLACK JACK  исто така нуди многу можности за персонализирање.

Може да биде посебен модел, но најновиот избор на бои е достапен и во останатите верзии: ADAM S, ADAM ROCKS и ADAM ROCKS S, што исто така може да носат BLACK JACK изглед.

Како секој Opel ADAM, така и неговата најнова BLACK JACK изведба обезбедува многу забавно и практично возење – со ултра модерен IntelliLink инфо забавен систем, вклучувајќи и комункација со  мобилните уреди како и врвна конекција благодарение на Opel OnStar системот.

Повеќекратно наградуваниот ADAM нуди голем број на варијации, кои можат да бидат конфигурирани на почетокот на летото.