Новиот Focus RS со механичка блокада на диференцијал

173

За жестоко „пеглање“ на свиоците

Верзијата Blue & Black, со пневматици од 235/35 R 19 е поефикасна, со програмата на погонот 4×4 кога ја пренесува моќта од 350 KS на сите четири тркалала.

Врвот, односно најмоќната изведба во понудата на компактот на Ford, што од мотор со четири цилиндри, со работна зафатнина од 2.3-литрим , со EcoBoost технологија испорачува моќ од 350 KS и постигнува максимална брзина од 268 km/h.

Од 0 до 100 km/h забрзува за  4,7 секунди, а силата на асфалтот ја пренесува, преку 4×4 погон, надграден со механички диференцијал на предните тркала.

Тоа во голема мера ја подобри агилноста при минување низ свиоците, бидејќи механичката блокада од типот Torsen, е многу поефикасна од електронската.

Имено, поради „налетот“ на вртежниот момент на предните тркала, во свиоците доаѓа до пролизнување на внатрешното тркало, што се растоварува со делување на странична сила  (како последица од страничната акцелерација).

Тоа кај електронската блокада се решава со кочење на внатрешното тркало ( на тој начин силата се префрла на спротивното).

Но, тоа е многу по неефикасно од механичката блокада, a покрај тоа на тој начин се реоптоварува механизмот за кочење, односно се загреваат дисковите што потоа потешко ја иполнуваат својата основна задача – кочење.

Поради тоа тркачкиот модел во компактната класа од ергелето на марката со син овал во логото ја прифати праксата на натпреварувачките изведби и користи механичка блокада на диференцијалот.
Е токму со таква механичка блокада на предниот диференцијал е опремен и Focus RS – Black & Blue.

loading...