Новиот Audi e-tron Sportback – автомобил полн со емоции

251

Светот се менува, а со него и мобилностa, што со е-tron е многу повозбудлива. Покрај фантастичниот дизајн, неверојатната управливост и иновативните технологии, подгответе се и за речиси неограничена слобода што ја нуди Audi Е-tron, напојуван со електрична енергија, кој имаше  светска премиера на автомобилскиот саем во Шангај.

Концептот Audi e-tron Sportback е симбиоза на електрична мобилност и секојдневна удобност. Моделот е комбинација на спортско возење, со забрзување од 0 до 100 km / h за 4,5 секунди и  моќност од 320 kW , како и голема удобност со опсег до 500 километри. Дизајниран за секојдневна употреба, но и многу повеќе од тоа.

Целосно новиот e-tron со quattro погон моќта ја пренесува директно на асфалтот. Огромниот вртежен момент на електричниот мотор нуди совршено возачко искуство.

Нов quattro погон е претставен преку новиот концепт Audi e-tron Sportback со кој работи во совршена хармонија. Визијата e-tron е повеќе од фасцинација.

Концептот Audi e-tron Sportback е волшебно електрично возило со исклучителни спортски линии, големи површини и прави линии во задниот дел.

Светлосниот сноп, типичен за Audi, и виртуелните ретровизори се само дел од деталите кои се истакнуваат.

Неговата појава е моќна и елегантна.

Во внатрешноста нова прозрачна боја ги потенцира возбудливите контури.

Технологијата на осветлување кај новиот концепт Audi e-tron Sportback навестува иновативни и динамични насоки во развој.

Задните светла меѓу другото се карактеризираат со дигитални анимации и детален преглед.

Покрај тоа, тие се во можност да се прилагодуваат со цел поголема безбедност, преку јасни сигнали за сопирање и трепкање.

Алтернативните технологии од Audi ветуваат возбудлива иднина без компромиси. Особено со моделот е-tron, задоволството од електричниот погон е загарантирано.

Концептот Audi Sportback e-tron ги исполнува сите ветувања на електричната иднина.

Алтернативните технологии од Audi ветуваат возбудлива иднина без компромиси. Особено со моделот е-tron, задоволството од електричниот погон е загарантирано.

Концептот Audi Sportback e-tron ги исполнува сите ветувања на електричната иднина, но денес Audi нуди се повеќе хибридни возила со високи перформанси.

Новиот Audi Q7 e-tron quattro, е првиот plug-in хибрид со Quattro погон и импресивна ефикасноста како и со најдолг опсег во сегментот.

Audi A3 Sportback e-tron комбинира моќ на електричен мотор со предностите на моторите со внатрешно согорување.

Електричниот погон е голем дострел, благодарение на моќниот 4-цилиндричен мотор и секојдневната удобност.