Новиот миленик на навивачите: Деби гол на Алиоски, Лидс загуби (ВИДЕО)

2271

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски со гол дебитираше за својот нов клуб Лидс.

Попладнево, членот на Втората англиска лига играше пријателски натпревар против шпанскиот прволигаш Еибар. Тепаше баскискиот тим со 4-2, но вториот гол (тогаш за 3:2) го постигна токму Алиоски во 73. минута.

Нашиот фудбалер не беше дел од стартната постава, влезе во игра во вториот дел, но тоа не му пречеше да постигне гол.