Новинарите го налутија Андерсон: Не ме прашувајте ништо за Ибрахимовиќ

897

Селекцијата на Шведска откако ја елиминираше Италија во бараж средбата за пласман на СП, се избори за голем успех и пласман во Русија идната година.

Сепак по мечот, селекторот на викинзите Јан Олоф Андерсон беше налутен од страна на новинарите кои наместо за успехот, го прашуваа за поранешниот капитен Златан Ибрахимов.

„По ова е неверојатно, Ибрахимовиќ престана да игра за Шведска пред гоина ипол, а вие се уште зборувате за него. Мора да говориме за одличните играчи кои се сега во екипата. Многу херио има вечерва, а повторно вие го спомнувате Златан. Ве молам, не ме прашувајте ништо за Ибрахимовиќ. Со него, нашиот стил на игра беше различен. Тој е шампион, но сега играме доста поразлично и тоа е тоа“, изјави Андерсон.