Нова трагедија: Загина уште еден скијач по пад во Лејк Луис

387

Само три седмици откако по пад на тренинг загина францускиот скијач Давид Поисон, се случи нова трагедија.

За време на трка во спуст во рамки на Нор- Ам серијата, животот го загуби младиот 17-годишен Германец, Макс Буркхар.

Несреќниот скијач ја загубил контролата на најстрмниот дел од стазата, па со полна брзина заврши во заштитната мрежа. Докторите веднаш реагирале, а младиот Буркхар итно бил пренесе во болница во Калгари, во критична ситуација, каде што подлегнал на повредите.

Несреќата се случила во вторник, а германскиот скијач на повредите подлегнал следниот ден.