Нова драма во Белград: Антиќ и Звезда го соборија Макаби

355

Црвена Звезда ја оствари втората победа во Евролигата откако вечерва го совлада Макаби со 87:84.

Тоа беше нова драма во Комбанк арената, победникот не се знаеше до самиот крај, а Звезда направи голем подвиг затоа што на крајот од првото полувреме имаше десет поени негатива (39:49). Пресвртот дојде во третата четвртина кога домаќините направија две серии, една од 4:0 и една од 8:2.

Во последниот период двете екипи се менуваа во водство, Макаби имаше шанса да го реши натпреварот во своја корист, но не успеа. Клучниот кош го постигна Рочести на 15 секунди пред крајот. Макаби имаше напад за израмнување или победа, но Томас не беше прецизен и бодовите останаа во Белград.

Рочести со 22 и Фелдин со 19 поени беа најефикасни во редовите на Звезда за која Антиќ постигна седум поени. Кај Макаби, Томас постигна 28 поени, но потфрли Кол кој остана на само четири.