Новата практична Insignia со теренски лик веќе може да се порача

285

Новата  Opel Insignia Country Tourer ќе има премиера во септември годинава на салонот за автомобили во Франкфурт, а набргу потоа ќе се појави и на пазарот

Но, авантуристот, со off-road стил и со опција за интелигентен погон на сите четири тркала со распределба на вртежниот момент (torque vectoring), веќе денес може да се порача кај дилерите на Opel.

Новата Insignia Country Tourer е достапна со стартна цена од 34.885 евра, со сите давачки, во Германија.

Новиот адмиралски брод на Opel пристигнува со изобилство на модерна технологија и системи за помош при возењето и за безбедност.

Во стандардната опреме се ултра модерното FlexRide премиум потпирање, помош при тргнување на угорнина, потоа Opel Eye предна камера што подразбира систем за предупредување на опасност од челен судир, со детекција на пешаци и автономно кочење во градски режим на возење.

Покрај тоа тука е и системот за предупредување во случај на несакано напуштање на лентата на возење, како и систем за активно управување и задржување на автомобилот во лента, автоматски долги светла и автоматски соборени светла со детекција на тунели.

Врвниот комфор е гарантиран со системите какви што се клима со две зони за регулација, отворање на автомобилот и стартување на моторот без клуч, како и комфорни седишта.

Патниците во Insigniа Country Tourer уживаат во најдобра забава и поврзаност со мобилните уреди со Appple CarPlay и со  Android Auto компатибилниот Radio R 4.0 IntelliLinkсистем.