Новата генерација на Suzuki Swift веќе кај нас

534

Во салоните на „Миркат“ – Скопје, овластениот увозник на моделите на Suzuki во Македонија, веќе пристигна четвртата генерација на супкомпактниот хит – моделот Swift.

Глобално, Suzuki Swift стекна имиџ на модел од B-сегмент со убедливо најдобар сооднос на платено/добиено.

Популарниот Јапонец во четвртата генерација ги задржува сите традиционални вредности: доверливост, трајност, евтин за одржување, солидно опремен…

Во Јапонија е лансиран на почетокот на годината, а во Европа дебитира во март на Салонот за автомобили во Женева, а еден месец потоа се најде и на нашиот пазар. Доаѓа со структурата на каросеријата од високоцврст челик, а новата платформа Heartect резултира со 40 kg помала маса од претходникот, но поцврст е за 1/3 од третата генерација, препорака за пет ѕвездички за безбедност на Euro-NCAP тестовите.

Во палетата на мотори е основниот 1,2-литарски со 94 KS, што во изведбата Eco+, опремен со системот Start&Stop,располага со 90 KS.

Во средина на понудата е моделот RS, со три цилиндри, турбобензински мотор, со директно вшприцување, со работна зафатнина од 1,0 литар – Boosterjet, со ознака 1.0 DITC и моќ од111 KS. Покрај тоа, тука се и изведбите со мека хибридна SHVS-верзија и на двата мотора.

Знаменосец по понудата на четвртата генерација на Suzuki Swift ќе биде изведбата Swift Sport, со турбобензински мотор – 1,4 Boosterjet со 140 KS. Цената на базниот модел на нашиот пазар опремен со 1.2 бенизински мотор, со кли­ма, се­дум воз­душ­ни пер­ни­чи­ња и за­ве­си, ESP… изнесува 10760 евра.