Ни Кари, ни Дурант: Најдобрата екипа во НБА без претставник во идеалната петорка (ФОТО)

592

Новинарите од целиот свет изненадија со својот збор откако во најдобрата петорка на основниот дел на сезоната во НБА лигата не вклучија ниеден член од најдобриот тим Голден Стејт Вориорс.

Можеби Стеф Кари не беше на нивото од претходните сезони, а Кевин Дурант и повреден во еден дел од сезоната, но без нивниот ефект, вицешампионот немаше да го има најдобриот биланс во регуларниот дел. Двајцата се избрани во втората најдобра петорка што е мала утеха за двајца од најдобрите играчи на денешнината.

Во идеалната петорка свое место најдоа: Расел Вестбрук од Оклахома, Џејмс Харден од Хјустон, Каваи Ленард од Сан Антонио, Леброн Џејмс од Кливленд и Ентони Дејвис ос Њу Орлеанс.