Ништо од финале и пласман погоре: Македонија загуби од Луксембург во полуфиналето

366

Македонската тениска репрезентација не успеа да стигне до финалето на Дејвис Куп турнирот кој се игра во Созопол, Бугарија.

Македонските тенисери не успеаја да се изборат за пласман во финалето и следната година да игра во Втората Евро-африканска зона од Дејвис Купот откако денеска во полуфиналето од Третата зона загуби од Луксембург со 2:1.

Во решавачкиот натпревар во игра на двојки, Грабул и Јотовски беа поразени од Кнаф и Дидерих со 1:2 во сетови (5:7, 6:4, 2:6).

Претходно, Димитар Грабул загуби во првиот меч во сингл конкуренција, додека Јотовски донесе израмнување и шанса преку мечот во дубл да се избориме за финале, но не успеавме.

Македонија на крајот ќе заврши како третопласирана селекција во Созопол, а пласман ниво погоре за следната година обезбедуваат двете првопласирани репрезентации од овој турнир.

loading...