Ништо од спектаклот: Серена ги разочара своите фанови

288

Најдобрата тенисерка во поновата историја Серена Вилијамс донесе одлука која не ги израдува нејзините фанови.

Иако беше најавено, таа нема да настапи на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија Опен бидејќи чувствува дека не е доволно подготвена и не може да се вмеша во борбата за титулата. Пред само четири месеци таа стана мајка и нејзиното тело уште не е подготвено да се натпреварува на највисоко ниво.

“Мојот тим и тренерот ми зборуваа да одам на турнири кога ќе бидам доволно подготвена да се борам за титулата. Овој пат тешко дека можам да одам до самиот крај и затоа не сакам да учествувам”, изјави Серена.

Тоа значи дека Австралија Опен ќе добие нов шампион бидејќи таа требаше да ја брани титулата од лани.