Ништо од Европска титула, Иџе на крај само четврти во генералниот пласман во ЕТЦЦ

301

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе не успеа да стигне до нова Европска титула, прва во ЕТЦЦ шампионатот.

Иџе во втората сезона во ова натпреварување, прва со сопствен тим на крајот заврши на четвртото место во генералниот пласман по релативно лошиот пласман на последните трки кои се возеа денес во Мост.

На првата трка Иџе поради казна заврши на последното место што значеше пол-позиција на втората трка. Но и во вториот обид барем да стигне до почесна победа, немаше среќа и финишираше како петти.

Европската титула на крај заврши во рацете на Чехот Петр Фулин.