Ништо ново: Петти пораз по ред на Металург во ЛШ

216

Металург никако не успева да ја најде победничката формула во Лигата на шампионите.

Вечерва го претрпе и петтиот пораз во низа откако загуби од Спортинг во Лисабон со 27:31 иако на полувреме водеше со 15:12. Португалскиот тим одлично го отвори вториот дел, постигна девет, а прими четири гола и на средина од полувремето поведе со 21:19.

Металург се обиде со игра “седум на шест”, но ни тоа не донесе резултат и Спортинг успеа мирно да го приведе натпреварот кон крајот.

Руезга со седум и Карол со шест гола беа најефикасни кај Португалците, а Вања Илиќ се истакна кај Металург со пет гола.