Не пукна бомбата во Белград: Вучиниќ го одбил Партизан, причината – неверојатна

1125

Некогаш најдобриот црногорски фудбалер Мирко Вучиниќ имал сериозна понуда зимава да го засили тимот на Партизан.

Одбил, затоа што има други приоритети во животот. Пред се, голфот кој станал негова преокупација последните години. Најголем дел од времето Вучиниќ поминува во Лече поради одличните услови за голф, веќе почнал да учествува на турнири во Италија и Франција, а на еден освоил и прво место.

Последниот настап од натпреварувачки карактер Вучиниќ го забележа во март 2017 година во квалификацискиот дуел меѓу Црна Гора и Полска. Освен од Партизан, зимава имал понуда и од аргентинскиот Сан Лоренцо.