Не може избор без “вардарци”: Душебаев во идеалната постава на колото во ЛШ (ВИДЕО)

439

Шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев ја игра последната сезона во дресот на Вардар, но не престанува да воодушевува од коло во коло.

Во саботата, тој одигра уште еден фантастичен натпревар, овојпат против Целје и уште еднаш ја докажа својата висока класа. Со осум гола беше најефикасен во тимот на Вардар и заедно со Млакар од Целје, најефикасен на теренот, па како резултат на тоа ја доби честа да биде избран во идеалната постава на 12. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Ова за него е трет избор во идеалниот тим на колото во ЛШ оваа сезона.

Најдобрите седум во ова коло можете да ги видите ТУКА.