Не можеше да биде поинаку: Вардар и уште двајца во тимот добија 13-ноемвриска награда

347

Европскиот првак Вардар е добитник на 13-ноемвриската награда што ја доделува Градот Скопје.

Такво нешто, едноставно, мораше да се случи по најголемиот успех во историјата на машкиот македонски спорт. Вардар оваа година ја покори Европа и на нашиот ракомет му ја донесе втората континентална титула по онаа на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година.

Покрај клубот, награди добија уште Стојанче Стоилов за спортист и Раул Гонзалес за тренер.

Покрај титулата во Лигата на шампионите, Вардар во 2017 година триумфираше и во домашното првенство, Купот на Македонија и СЕХА лигата.