Не е птица, не е авион, тој е скокач: Ужасен пад на скијачот од Монако (видео)

4911

Трката во супервелеслалом на Светското првенство ја одбележа уште еден стравичен пад на натпреварувачите, овој пат во главна улога беше Оливер Женот.

Скијачот кој потекнува од Монако, при скокот ја загуби рамнотежата на своето тело и падна директно на грбот, а тоа изгледаше навистина ужасно.

Лекарската екипа и стјуардите веднаш се присобраа покрај повредениот натпреварувач, па подоцна беше однесен со хеликоптер во најблиската болница.

Според првите информации, Женот е тешко и сериозно повреден, со повеќе фрактури, но не е во животна опасност.