Ни Господ не го спасува Милан: „Росонерите“ не ни шутнаа кон голот на Ријека

1252

Тренерската смена не донесе никакви промени во играта и резултатите на Милан.

Во неделата “росонерите” доживеаја огромен срам откако одиграа нерешено со Беневенто, а денеска со комбиниран состав загубија од Ријека со 0-2 во последното коло од групната фаза во Лигата Европа.

Поразот како пораз не е многу страшен ако се знае дека Милан веќе го обезбеди првото место во групата. Она што е тотално разочарувачки е фактот дека некогашниот европски првак не успеа да упати директен удар кон голот на Ријека за 90 минути.

А нападот не беше слаб, најистурени беа Кутроне и Силва, а зад нив играа Биља, Локатели и Антонели.