Нејмар го „олади“ Ралстон, но подоцна направил гест за огромна почит!

2566

Нејмар беше брилијантен на мечот со Селтик, каде постигна гол и асистераше за еден гол, но во сенка на неговата добра партија беше моментот кога одби да се поздрави со младиот играч на Селтик, Ентони Ралстон.

Тој гест беше прилично лошо прифатен кај неутралните навивачи на овој спорт, и Нејмар беше осуден како еден скапо платен и разгален играч.

Младиот десен бек на Селтик се обидуваше да се поздрави со Нејмар, но овој од несфатливи причини го „олади“ по што настана и мало вербално кошкање.

Сите го осудија однесувањето на Нејмар, но Бразилецот по мечот сепак направи потег достоен за почит.

Тој го донираше својот дрес со бројот 10 во фондацијата која е во рацете на сопругата на легендарниот Кени Далглиш, и фондација која парите собрани од донации, ги вложува во борбата против ракот на дојката.