Нејмар го донираше дресот со кој играше против Селтик

359

Бразилецот Нејмар беше предмет на низа критики поради неговото однесување на дуелто со Селтик.

По крајот на мечот во Шкорска одби да се ракува со младиот Ентони Ралстон и му дофрли нешто но со раката преку устата за да не можат да го уловат камерите. Гестото секако не наиде на добри реакции посебно по социјалните мрежи.

Денеска се чини за да се подобри сликата за најскапо платениот фудбалер на светот, беше објавено дека тој го донирал дресот од синоќешниот натпревар во добротворни цели, осносно го дал на фонадација за борба против ракот на дојката. Дресот на Бразилецот ќе биде изложен на аукција следната недела.