Несторовски со 4, Трајковски со две парчиња на пријателски меч на Палермо (Видео)

2831

Палермо ја стартуваше својата пред-сезонска турнеја, со висока победа од 13:2 против екипата Бад кој се натпреварува во пониските дивизии.

Печат на оваа победа имаа македонските интернационалци, Александар Трајковски и Илија Несторовски, кои заедно постигнаа 6 голови.

Палермо од новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б, но оваа екипа е решена експресно да се врати во италијанската фудбалска елита.

Несторовски кој е нов капитен на Палермо, постигна 4 голови, додека Трајковски беше стрелец на два гола, од кои еден беше ефектно постигнат.