Нестварни бројки кои Роналдо ги заработува на Инстаграм

1578

Британската компанија Hooper, која е специјализирана за следење на социјалните мрежи, објави листа на личности кои заработуват најмногу пари благодарение на објавите на овие планетарно популарни страни за 2017 година.

Така е откриено колку заработува Кристијано Роналдо, кој е трет на таа листа, и дека од една фотографија објавена на Инстаграм заработува неверојатни 400.000 долари.

Португалецот на Инстаграм има 104 милиони следбеници, и меѓу спортистите е убедливо најследен од публиката. Кога станува збор за заработка од социјалните мрежи, пред него се само Селена Гомес и Ким Кардашијан од славните ликови.