Несреќа за „докторот“ – сезоната извесно е завршена, можеби и кариерата?

2370

Црни прогнози доаѓаат од Италија, каде денеска имал страшно излетување од тренинг, во близина на неговото родно место.

Тој според тамошните медиуми, веднаш по заминувањето во најблиската болница, докторите му утврдиле повеќекратна фрактура на ногата, што сигурно доколку е вистина, за него сезоната, а можеби и кариерата е завршена.

Се уште нема никаква комплетно точна информација за повредата на „докторот“, но фановите искрено се надеваат дека ова нема да биде вистина.

Газета Дело Спорт пренесе дека над Роси ќе биде извршен хируршки зафат на неговата нога, што дефинитивно ќе го стави во пододредена позиција и сезоната за него ќе заврши. Тој е во -26 бодови на табелата во однос на водечкиот Андреа Довициозо.

Постои и изјава од таткото на Роси, која ја дал за наводен медиум во Италија:

„Валентино не е оптимист, се плашат дека тој има фрактура“.