ФИБА одлучи: Косово ќе плати ситно за свиркањето на македонската химна

466

Светската кошаркарска организација ја одреди казната за кошаркарската федерација на Косово за свирежите при интонирањето на македонската химна на натпреварот од претквалификациите во Приштина на 2. август.

Неспортското однесување на навивачите на Косово на средбата со Македонија од минатата недела придонесе нашиот северен сосед да се најде на тапет кај ФИБА.

Светската кошаркарска федерација реши да го казни Косово за свирежите од публиката кога се интонираше македонската химна, но паричната глоба повеќе е симбилична и изнесува само 1.000 евра.

Сепак, од ФИБА се заканија дека ќе бидат построги доколку Косово и во идннина направи сличен прекршок.