“Нераѕурите” на шопинг во Мадрид: Интер испрати понуда за напаѓачот на Атлетико

1514

Поранешниот европски и италијански првак Интер испратил понуда од 23 милиони евра за крилниот напаѓач на Атлетико, Анхел Кореа.

Миланскиот клуб бара партнер за Мауро Икарди, а изборот паднал на 22-годишниот фудбалер кој може да игра како десно крило, но и како централен напаѓач. Постојат два проблеми за реализацијата на овој трансфер.

Првиот е конкуренцијата што Интер ја има во Сосиедад, а вториот е забраната за трансфери на Атлетико поради што клубот од Мадрид можеби ќе стави вето на каков било премин во претстојниот преоден рок.

loading...