(Не)пријателски фудбал: Пујол можеше да му ја откине ногата на Невил (Видео)

3354

Тоа требаше да биде пријателска и пред се ревијална средба помеѓу Шпанија и Англија, но така не мислеше и Карлес Пујол.

На турнир кој се одржува во Лондон во формат 5 играчи плус голман, имаше многу поранешни ѕвезди во двете репрезентации.

Еден момент посебно влезе во фокусот на јавноста, а во главна улога беше бесниот Карлес Пујол, кој лесно можеше да му ја скрши ногата на Фил Невил. Шпанецот влезе нешто пожестоко во дуелот, и добро е што Невил заврши без голема повреда и скршеница.