Непристоен предлог: Мурињо со понуда за пеколна трампа со Барселона која тешко се одбива

5208

Според пишувањата на шпанските и британските медиуми, Барселона и Манчестер Јунајтед би можеле да направат навистина интересна размена на играчи.

Наводно, Жозе Мурињо го сака Иван Ракитиќ во својата екипа како засилување за средниот ред покрај Пол Погба и Немања Матиќ, а „Специјалниот“ е подготвен за хрватскиот интернационалец да го понуди Ентони Марсијал, за кого, интересно, во последните денови низ медиумите се пишува дека Барселона сака да го доведе во своите редови.

Мурињо е голем фан на Ракитиќ и смета дека тој ќе биде вистинско засилување за средниот ред, а ќе се обиде да го искористи интересот на Барселона за Марсијал, иако навивачите не се задоволни од тоа.

Сепак, Французинот не е во прв план кај „Специјалниот“, бидејќи Маркус Рашфорд и понатаму е прв избор за лево крило, додека во шпицот местото го завземаат Лукаку и Ибрахимовиќ кој наскоро ќе се опорави.

Марсијал со сигурност ќе биде големо засилување за Барселона. Иако го доведа Усман Дембеле, делува дека францускиот тандем би можел да делува по крилата, а Лео Меси да добие повлечена улога зад Луис Суарез. Освен тоа, тие двајца би биле залог за иднината.