Неочекуван шок за европската шампионка: Шпановиќ на досега невиден начин ја загуби светската титула

3078

Американската скокачка во далечина Бритни Рис четврти пат во кариерата ја освои шампионската титула прескокнувајќи 7,03 метри во исклучително возбудливо и неизвесно натпреварување на Светското првенство во Лондон, па стана првата атлетичарка на која тоа и успеало во оваа дисциплина.

Рис за само два сантиметри ја надмина второпласираната Русинка Дарија Клишина која со скокот од 7 метри го освои своето прво одличје на светските првенства. Третопласираната, Американката Тиана Бартолета, бранителката на титулата од Пекинг, во последната серија скокна 6,97 метри и за само еден сантиметар беше подобар од тогаш бронзената, европска шампионка Србинката Ивана Шпановиќ.

Се чинеше дека Шпановиќ во последниот обид го изведе најдолгиот скок на натпреварувањето, но при доскокот се одвои долниот дел од стартниот број на дресот и остави трага во пескоот кој беше значително пократок од она каде српската атлетичарка навистина доскокна. Така Шпановиќ во неверојатен расплет прво остана без третата последователна бронза на светските првенства, а потоа можеби и без титулата светска шампионка.

По ова следуваа протести од Српската атлетска федерација, а ширум светот Шпановиќ добива поддршка од навивачите кои тврдат дека Србинката е ограбена во битката за златниот медал.