Неочекувано, Барселона би можела ова лето да го добие Дембеле

297

Барселона уште одамна е заинтересирана за услугите на Осман Дембеле, кој не успеа да го ангажира минатото лето, па тој заврши во редовите на Борусија Дортмунд.

Сега има повторно шанса да го донесе младиот Французина на Ноу Кмап, но екипата од “Сигнал Идуна Парк“ бара високо обештетување. Имено германскиот тим за Дембеле бара 90 милиони евра, Барселона е согласна да плати 50, со опција за бонуси кои би ја подигнале цената за уште 20 милиони.

Најновите информации велат дека “милионерите“ би можеле да се согласат на оваа понуда бидејќи се зиантересирани во своите редови да го донесат одличниот играч на Порто, Хесус Корона.

Мексиканскиот репрезентативец  имаше одлична сезона на “Драгао“ и веднаш го привлече вниманието на екипата од Дортмунд. Обезбедувањето на пари за услугите на Корона, би требало да стигнат по продажбата на Дембеле.