Немирот на Розберг – губењето на шампионската титула

1441

Актуелниот Ф1 шампион, Нико Розберг, кој по освојување на трофејот реши дека е момент за пензионирање и повлекување од Ф1, им раскажа на медиумите, како успеале да го загубат трофејот.

Германскиот возач минатата сезона во пеколна борба со тимскиот колега Луис Хамилтон, го освои својот прв јубилеен трофеј, кој сигурно ќе му биде и единствен во кариерата во Ф1.

Розберг заедно со Мерцедес присуствуваа на традиционалниот фестивал за брзина во ГодВуд, каде го прати и својот трофеј да биде изложен за време траење на манифестацијата.

„Трофејот секогаш ќе ми биде важен и посебен, но бев исплашен пред извесен период кога го загубија мојот трофеј. Агенција со високо обезбедување која го задолжи мојот трофеј, успеа некако да го загуби, па го најде по неколку дена, трофејот бил загубен по пошта. Немав мир воопшто, но си го вратив. Сега е се во ред, среќен сум“, истакна Розберг.