Нема ниту еден меч одиграно во Премиер лигата, но си купи вила од 2.55 милиони евра

1094

Тосин Адарабиои е млад фудбалер на Манчестер Сити кој има 20 години, а зад своето име има запишано седум настапи за првиот тим на „граѓаните“.

Но интересно, ниту еден натпрвар од Премиер лигата. Ова момче со Сити потпиша професионален договор до 2021 година според кој заработува 28.000 евра седмично.

Парите не се проблем, па си купи сопствена вила за 2.55 милиони евра, па од овие причини се најде на насловните страни кај медиумите во Англија.

„Имам спални соби речиси како и настапите за првиот тим на Сити“, изјави за Сан алудирајќи на тоа дека неговата вил има шест спални соби дополнете со пет купатила, кино, сала и одличен поглед на голф терен.