Нема Евролига, нема пари – има распад: Дарушафака се распаѓа

1395

Беше извесно, па дури и се најавуваше дека Дарушафака нема јасна иднина, и дека тие ќе зависат во иднина од прилично нестабилен спонзор.

Тоа и се случи, Дарушафака ќе се распадне, бидејки им се повлекува главниот и генерален спонзор, компанијата „Догуш“, која ги држеше на врвот во турската кошарка.

Дарушафака за волја на вистината не ги постигна бараните резултати од споменатата компанија, па го повлекуваат нивниот капитал од идно инвестирање.

Недобивањето на специјална покажа за учество во Евролигата, беше и чекор кон распад на оваа екипа, но и за заминувањето на нивниот тренер Дејвид Блат, а најавено е дека ќе се случи драстична чистка, односно секој од поскапите играчи, ќе може да преговара со други клубови и да си ја бара иднината на друго место.

loading...