Нема да поверуватe кој е голманот со најмногу одбрани во групната фаза од ЛШ

599

Ако статистички се гледа, најдобар голман по групната фаза во Лигата на шампионите е чуварот на мрежата на Карабах.

Иако првакот на Азербејџан се збогуваше со понатамошните натпревари во ЛШ, нивниот голман Ибрахим Шехиќ може да биде горд на она што го покажа во елитното клупско натпреварување.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина во шесте натпревари од групната фаза запиша дури 35 одбрани, што е најмногу од сите, а на второт место е Јасмин Хандановиќ со две одбрани помалку.

Голманите на ЦСКА Москва и Шахтјор, Игор Акинфеев и Андри Пиатов имаат по 29, односно 25 одбрани.